Артета во проблеми: Новото засилување се повреди и ќе мора на долга пауза

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се наоѓа во големи проблеми откако нема да може да смета на новото засилување неколку недели. Шпанскиот репрезентативец Микел Мерино само што потпиша, ќе мора да оди на рехабилитација, и да почека за своето деби.

Шпанскиот тренер потврди дека неговиот сонародник претрпел повреда на рамото и дека ќе мора да на повеќенеделна пауза.

„Доживеа незгодна повреда на рамото, и делува дека ќе паузира неколку недели. Падна на земја, па преку него падна и Габриел, и претрпе фрактура“, рече Артета.

Освен на Мерино, Артета нема да може да смета ниту на Габриел Жезус кој ќе биде подготвен некаде кон средината на септември. Арсенал утре во 13:30 го дочекува тимот на Брајтон.

Се вчитува...