Артета: Во животот не сум видел пенал како овој што му го досудија на Брајтон

Микел Артета не го криеше разочарувањето откако Арсенал не успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Брајтон (1-1). „Топчиите“ имаа водство од 0-1 по првиот дел, но потоа дојде до пад во нивната игра што домаќинот го искористи за да стигне до бод.

Клучен момент беше пеналот за Брајтон, откако Салиба и Жоао Педро се судрија со главите, а главниот судија покажа на белата точка.

„Во животот немам видено пенал како овој што му го досудија на Брајтон. Искрено, бев шокиран кога видов што реши судијата, ги прашав и фудбалерите, никој од нив нема видено ваков пенал во животот. Разочарани сме затоа што сакавме да победивме, дадовме се од себе, но на крајот моравме да се задоволиме само со еден бод. Имаме за што да жалиме, факт е дека паднавме во вториот дел, но тоа е нормално ако се земат во предвид повредите и фактот дека играме на секои три дена. Сепак, бевме толку блиску до победата, а останавме без неа поради овој чуден пенал“, изјави Артета.

Се вчитува...