Артета: Време е да го прекинеме проклетството…

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека е време да се стави крај на поразителната статистика која вели дека лондонскиот клуб никогаш не ја освои титулата во Премиерлигата, ако влегол како лидер во Новата година. 

После 19 кола, Арсенал е лидер на табелата со 45 бодови, а по него следува Сити со четири бода помалку. Астон Вила заостанува шест бодови, додека Ливерпул 12. Во сабота „топчиите“ ја отвораат годината со гостување кај Борнмут.

„Не знаев за таа традиција… Време е да се прекине – одговори Артета во петокот на новинарско прашање дали знае дека „топџиите“ пет пати ја пропуштиле шансата да станат шампиони ако влегле во новата календарска година како лидери во Премиер лигата.

Се вчитува...