Артета за конфликтот со Обамејанг: Не сум диктатор, но сакам почитување на обврските

Тренерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за конфликтот со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг кој беше отстранет од тимот поради недисциплина. Артета рече дека само бара од фудбалерите почитување на обврските.

„Не се обидувам да го наметнам своето влијание со диктаторски режим и да бидам безмилосен. Барам само почитување и исполнување на обврските. И ако не го барате тоа од фудбалерите, подобро спакувајте се и заминете си. Тоа се најминималните барања. Жал ми е што играчоте ги крши дисциплинските правила, затоа што тоа го очекувам од сите, почнувајќи од себе. Денот кога ќе престанам да го очекувам ова, ќе заминам и ќе почнам да се занимавам со нешто друго“, вели Артета.

Обамејанг во моментов не е дел од Арсенал поради тоа што е отстранет од екипата, а му е одземена и капитенската лента. Можно е да дојде до продажба во јануари и Габонецот да има нов клуб. Нешто слично му се случуваше и на заминување од Дортмунд, кога одби да тренира со екипата, по што беше суспендиран и потоа продаден на Арсенал.

Се вчитува...