Тренерот на Порто, Серхио Консеисао имаше вербален судир со Микел Артета вчера после натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите. Консеисао го обвини Артета дека му го навредувал семејството, и човек кој повеќе не е на овој свет.
На ова одговор немаше Артета, кој прашан за обвинувањата од Консеисао, само кратко одговори:
„Немам коментар, ви благодарам“, изјави Артета.
За натпреварот, менаџерот на Арсенал даде свое мислење.
„Мислам дека доминиравме во двата натпревари и заслужено победивме. Во последните денови вежбавме пенали, и тоа се исплатеше“, изјави тренерот на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА