Арон Ремсдејл вчера имаше кошмарен ден. После долго време доби шанса да брани, и на вчерашниот дуел со Брентфорд направи грешка, која на крајот можеше скапо да ги чини „топчиите“.
Голманот на Арсенал во четвртата минута од судиското надополнување во првиот дел направи катастрофална грешка, по која противникот израмни. За негова среќа Хаверц во 86. минута од средбата донесе нова предност и победа за Арсенал.
После натпреварот, Артета го бранеше својот голман.
„Грешките се дел од фудбалот. Реакцијата е клучна, и ние ја имавме фантастична реакција. Сакавме да победиме за Арон, и многу сме среќни што дојдовме до триумфот“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА