Артета за шпекулациите дека ќе го преземе Реал Мадрид: Во моментов сум сконцентриран само на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета говореше за објавите на неколку шпански и англиски медиуми кои го поврзуваа одличниот млад тренер со преминување во најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

Претседателот на клубот Флорентино Перез наводно гледа во Артета идеална замена за Карло Анчелоти.

„Тренерите и играчите не можат да го контролираат тоа што го објавуваат медиумите. Можам само да кажам дека сум фокусиран на она што го правам во Арсенал и сум исклучително горд и благодарен за она што го правам во овој фудбалски клуб. Тоа е се“, изјави Микел Артета.

По 26 кола, Арсенал е на чело на Премиер-лигата со пет бода повеќе од шампионот Манчестер Сити. Во исто време Реал Мадрид заостанува девет бода зад лидерот Барселона во Шпанија.

Се вчитува...