Артета за Тухел: Англија доби врвен селектор

Именувањето на германскиот стручњак Томас Тухел на селекторската позиција во репрезентацијата на Англија донесе поделено мислење на фудбалската јавност на „Островот“.

Многумина го критикуваат овој потег на федерацијата, но Тухел го има гласот на тренерите кои за него имаат само пофални зборови. Последен кој говореше на оваа тема беше тренерот на Арсенал, Микел Артета.

„Ќе научат многу, тој е еден од најдобрите тренери на светот по мое мислење, без сомнение. Неговото искуство, начинот на кој му е поставен тимот. Возбудливи времиња се пред нас. Разговарав со неколку играчи и тие имаа насмеано лице. Тоа е секогаш добар знак“, изјави Артета.

Се вчитува...