Артета за Влаховиќ: Најдобрите играчи на светот сакаат да бидат „топчии“

Микел Артета е на прагот да го препороди Арсенал и да го врати на претпозантливите патеки. Шпанскиот стратег составува млад тим кој во следните години треба да доминира на сцентата, но фалат неколку „парчиња“ за комплетирање на „сложувалката“.

Едно од нив е напаѓач, а погледите се насочени кон српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој оваа зима би можел да стане „топчија“. Во интервју за „Скај Спортс“, Артета не даде конкретен одговор во врска со трансферот на Србинот, но имаше интересна изјава.

„Се извинувам што ќе ве разочарам, но не можам да зборам за гласини во врска со нови засилувања. Тоа што можам да ви кажам е декa историски гледно отскогаш Арсенал е поврзуван со најдобрите играчи на светот. Тоа не е случајно, најдобрите сакаат да дојдат кај нас, а и ние ги сакаме најдобрите. Постојано се среќавам со ситуации во кои играчите ми говорат како сакаат да играат за Арсенал. Добро е што е така, тоа е нашата моќ која не прави еден од најголемите клубови на светот“, вели младиот стратег.

Се вчитува...