Aртета: Задоволен сум како реагиравме по примениот гол

Aрсенал стигна до победа од 3-1 на домашен терен против Саутемптон во меч од 7. коло од новата сезона во Премиерлигата. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Арчер во 55. минута. На 1-1 израмни Каи Хаверц во 58. минута, додека до 2-1 „топчиите“ стигнаа со голот на Мартинели во 68. минута. Koнечните 3-1 беа дело на Сака во 88. минута.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за Би-Би-Си по победата на неговиот тим против Саутемптон.

„Почетокот на натпреварот беше исклучителен, доминација, шанси. Неверојатно е што постигнавме не еден туку три гола. Примивме гол и тогаш натпреварот тргна во лош правец. Мислам дека тимот реагираше добро, со голем авторитет и затоа сум задоволен бидејќи знам дека можат да реагираат на овој начин. Но, не сум среќен што по шансите што ги имавме дојдовме во ситуација да мораме да реагираме вака“, изјави Артета.

Се вчитува...