Во 25. минута од дуелот на Арсенал со Кристал Палас, Букајо Сака се пожали на повреда на тетивата и беше заменет, а по натпреварот менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е многу загрижен.
Арсенал го доби натпреварот против Палас со 1-5, но менаџерот на „топчиите“ не може да биде среќен.
„Почувствува нешто во задната ложа и не можеше да продолжи да игра. Ќе мора да направи детални прегледи, но јас сум многу загрижен. Тешко е да се каже колку долго ќе биде отсутен. Ќе мора да прави тестови, но сега е многу тешко да се каже колку е лошо“, изјави Артета.
Сака го напушти стадионот на Кристал Палас со патерици, само неколку дена откако Арсенал остана и без Рахим Стерлинг поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА