Артета: Знаеме кој е Реал Мадрид и што не очекува на „Бернабеу“

По убедливиот триумф над Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Шампионите, Арсенал го очекува предизвикот наречен Брентфорд во Премиерлигата.

Пред овој дуел за медиумите говореше Микел Артета, шпанскиот стратег на клупата на лондонскиот тим кој сепак мораше да се осврне и кон предизвикот кој го очекува во Мадрид.

„Изгледав една реприза од натпреварот и видовме што правевме добро. Изгледав само една снимка, а потоа целосно се насочив кон Брентфорд. Прво да го минеме Брентфорд, а потоа ќе мислиме на реваншот. Знаеме дека треба да бидеме концентрирани на самите себе. Кога ќе дојде време, ќе го подготвиме натпреварот со Реал. Добро знаеме што ќе не чека таму, ќе мора да се избориме за полуфинале. Мора да направиме исчекор и да бидеме уште подобри од првиот натпревар“, изјави Артета.

Се вчитува...