Артуро Видал доби „кралски“ пречек во новата средина откако како гледач од трибини го следеше последниот натпревар на Фламенго, клуб чии бои ќе ги претставува во следната сезона.
Видал и дефинитвно стави крај на својата фудбалска авантура во Европа, бидејќи по етапите во Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и Интер, сега реши да се врати во Јужна Америка. Ветеранот стави потпис на договор до декември 2023-та година и ќе биде дел од легендарниот бразилски клуб, кој не го криеше задоволството од ангажманот на големиот борец.
Чилеанецот го загуби своето место во Интер под водство на Инзаги и беше јасно дека ќе си оди од Милано, а враќањето во Јужна Америка е јасен сигнал дека 35-годишниот Артуро полека се подготвува за играчка пензија.
Ohhh thanks for stopping by @kingarturo23 😏 pic.twitter.com/FGdvfiVUpU
— Flamengo (@Flamengo_en) July 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

