Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал ќе се врати на Апенините и ќе го носи дресот на Наполи, најавуваат италијанските медиуми. Тој во минатото беше дел од Јувентус, во изминатите три сезони настапуваше за германскиот првак Баерн Минхен, а сега е на прагот да се врати во Италија и да стане „наполитанец“.
Иницијатор за овој трансфер е Карло Анчелоти, кој е многу блиску да го преземе кормилото на Наполи од следната сезона. Искусниот стратег веќе имаше неколку состаноци со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, и начелно го договори своето доаѓање. Останува во наредните денови да следи и официјалниот потпис на договорот на Анчелоти, а потоа многу веројатно дека и Артуро Видал ќе пристигне на „Сан Паоло“.
Чилеанецот би требало да биде замена за Марек Хамшик, кој има понуда од Кина и би можел да си замине од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА