Артуро Видал се врати во репрезентацијата на Чиле

Дефанзивниот играч за врска Артуро Видал се појави на тренингот на репрезентацијата на Чиле пред гостувањето во Перу  и натпреварот со Венецуела во квалификациите за СП 2026 година.

Последниот натпревар за репрезентацијата против Колумбија го одигра во септември минатата година. Аргентинецот Рикардо Гарека реши да го покани 37-годишниот по очајните резултати на неговиот тим, кој се наоѓа на последното, 10. место во јужноамериканските квалификации.

Ќе биде интересно да се види како ќе соработуваат Видал и Гарека, бидејќи освојувачот на Копа Америка во 2015 и 2016 година употреби тешки зборови за селекторот, кого го нарече „идиот“ затоа што не го повика во репрезентацијата.

Се вчитува...