Ас на Баерн Минхен го пропушта дуелот со Македонија

Јоаким Лев остана без услугите на уште еден фудбалер во пресрет на последните две средби од овој квалификациски термин за СП 2022, гостувањето во Романија и домашниот дуел со Македонија закажан за 31 март во Дуисбург.

Дефанзивецот Никлас Зулa се пожалил на болка во мускулот, а по деталните прегледи било утврдено дека станува збор за повреда поради која овој фудбалер ќе мора да отсуствува најмалку десетина дена од терените. Поради ова, лекарскиот тим дал препорака Зулa да се врати во својот тим Баерн Минхен пред германската експедиција да отпатува за Букурешт.

За очекување е Лев да го задржи тандемот Џан – Рудигер во срцето на одбраната, кој функционираше сосема добро на премиерниот дуел со Исланд.

Се вчитува...