Ас на Селтик поради коцкарски проблеми зема одмор од фудбалот

Статусот на фудбалска ѕвезда покрај слава и пари носи и низа проблеми со кои се соочуваш доколку за момент „одлеташ во облаци“ и побегнеш од сопствената реалност. Парите од благослов можат да се претворат во „хорор“, како што е тоа случај и со голгетерот на Селтик, Лиг Грифитс, кој на 28-годишна возраст реши да ја прекине својта кариера.

Како што јавуваат шкотските медиуми, причини за ваквата шокантна одлука на одличниот напаѓач се коцкарските проблеми кои постојано се зголемувале, за веќе да стане невозможно да се посвети на фудбалот.

„Грифитс извесно време ќе биде надвор од фудалот. Тој има големи проблеми на приватен план веќе неколку месеци, дојде до ниво во кое животот му се претвори во борба. Ќе му помогнеме колку што можеме за да ја надмине кризата. Јас и тој сме многу блиски, имаме одличен однос и му објаснив дека мора да си најде нова среќа. Има пет деца, но фудбалот и животот станаа претешки за него во изминатиот период“ – изјави менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс.

Засега повлекувањето е само привремено, но доколку проблемите наскоро не бидат решени, Роџерс нема да може да го штити уште долго својот фудбалер, па „краткиот одмор“ ќе се претвори во пензија.

Се вчитува...