АС: Реал следниот преоден рок ќе пазари со 400 милиони евра!

Мадридски „АС“ објавува дека Реал за следниот преоден рок подготвил 400 милиони евра за засилување на своите редови.

Изминатово лето „кралевите“ ја загубија својата најголема ѕвезда – Кристијано Роналдо, а од големите имиња стигна само голманот Тибо Куртоа.

Сега Реал Мадрид, четири месеци пред зимскиот преоден рок, објавува дека ќе располага со 400 милиони евра за засилување на тимот со Еден Азар од Челси  или некоја од ѕвездите на ПСЖ, Килијан Мбапе или Нејмар.

Прва и најреална желба е Азар кој со трансфер во Реал би можел да го сруши актуелниот светски рекорд – трансферот на Нејмар од 222 милиони евра. Се верува дека Реал за Азар ќе плати повеќе од ПСЖ минатото лето на Барселона за Нејмар. Наводно мадриѓаните од белгискиот репрезентативец бараат и да постапи како Куртоа со уценување на Челси како би го продал на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...