Асан заминува, Македонија ЃП добива нови сопственици

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП доби нови сопственици откако сегашниот газда Имер Асан преку социјалните мрежи соопшти дека првиот тим на клубот е продаден, честитајќи им на неговите наследници.

И покрај тоа што тој во иднина нема да биде дел од сениорскиот состав останува дел од Македонија ЃП и фокусот ќе го насочи кон академијата и стадионот со цел тој да биде еден од најдобрите во регионот.

Под водство на Асан клубот експресно ги надмина сите проблеми, со шампионски сјај се врати во прволигашкиот фудбал и се стабилизираше во елитата.

Се вчитува...