Албанија со гол во 95. минута се спаси од пораз на денешниот натпревар против Хрватска, но албанските фудбалери не кријат дека жалат што не стигнале и до трите бода, ако се земе во предвид нивната доминација во првото полувреме.
Поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани, беше асистент при првиот гол на својата репрезентација на овој натпревар, а во изјавата по мечот тој не ја криеше гордоста од покажаниот карактер на албанскиот национален тим.
„Добро ги анализиравме Хрватите и одигравме извонредно прво полувреме. Имавме две-три одлични шанси, можевме и поубедливо да водиме, а потоа паднавме во вториот дел. Горд сум што не се предадовме, секој од нас даде се од себе, на крајот заслужено стигнавме до реми. Да имавме малку среќа ќе ја победевме Хрватска. Следна е Шпанија? Сигурно нема да се предадеме, ќе играме храбро како и на првите две средби. Шпанија е многу силна, но ние ќе излеземе на терен со желба да ги освоиме трите бода“, изјави крилниот офанзивец на албанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА