Асано ѝ донесе прва победа на Мајорка сезонава во Ла Лига (ВИДЕО)

Екипата на Мајорка дојде до првата победа сезонава во шпанската Ла Лига, откако во 7. коло го совлада тимот на Алавес со 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Такума Асано, кој успеа да се запише во листата на стрелците во 37. минута од средбата.

Мајорка сега освои пет бодови, и натаму е во опасната зона, додека Алавес остана на осум бодови на  10 позиција на табелата.

Се вчитува...