Асенсио го одби Фенербахче, Милан „трие раце“

Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио, одби трансфер во Фенербахче, па така тој е најблиску сега до Милан, кој води преговори за негов ангажман. Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, ги мина последните шест месеци на позајмица во Астон Вила, а неговиот договор со ПСЖ е до 2026 година, но јасно е дека Луис Енрике не смета на него во иднина.

Фенербахче нудеше 15 милиони евра, вклучувајќи и бонуси. ПСЖ ја прифати понудата, меѓутоа самиот фудбалер не сака да игра во Турција. Затоа Асенсио одолговлекува и чека подобра понуда.

Освен Милан, за него има интерес и од Виљареал, кој сака да го врати во Шпанија, каде настапуваше во дресот на „кралевите“, тим со кој ги освои сите можни трофеи пред да замине во францускиот гигант.

Се вчитува...