Марко Асенсио е новата млада ѕвезда на шпанскиот фудбал и на Реал Мадрид. Сигурно чекори по стапките на легендарниот Раул Гонзалес, еден од најдобрите напаѓачи на „кралевите“ во историјата. Шпанскиот весник „Марка“ им најде заедничка точка, во која е вклучена и Македонија.
Марко Асенсио постигна хет – трик во триумфот од 5-0 против Македонија на Европското првенство и најави дека ќе конкурира за најдобар фудбалер и стрелец на овој шампионат на младите селекции до 21 година што се одржува во Полска. А тој не бил ниту роден кога Раул го имаше своето деби за Реал Мадрид.
Но, исто така и Раул Гонзалес во своите млади денови постигна хет – трик против Македонија во селекцијата на Шпанија до 21 година. Во ноември 1995 година, на натпреварот во Елче, Раул Гонзалес беше стрелец на хет – трик во триумфот на „црвената фурија“ од 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА