Фенербахче успеа да доведе уште едно врвно засилување во своите редови, комплетирајќи ги преговорите со ПСЖ за трансферот на Маркос Асенсио.
Шпанецот беше на листата играчи кои Луис Енрике инсистираше да бидат продадени, а Астон Вила и покрај добрите игри за време на позајмицата реши да не го откупи неговиот договор. Жозе Мурињо има соработувано со Асенсио во Реал Мадрид и „специјалниот“ верува дека шпанскиот офанзивец е она што му недостига на Фенербахче во трката за трофеи во новата сезона.
Клубовите преговараа десетина дена, за на крајот да биде договорено Фенербахче да плати 10 милиони евра за отштетата, а Асенсио ќе има плата од девет милиони евра по сезона во Истанбул.
Двата клуба ги очекува нова рунда преговори, овојпат за словачкиот дефанзивец Милан Шкринијар што турскиот гигант сака да го задржи по успешната позајмица минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

