Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио, конечно, ќе биде во комбинација за настап за ПСЖ во дербито против Монако во Лига 1, соопштија од францускиот тим.
Напаѓачот е надвор од терените повеќе од 2,5 месеци поради повреда на натпреварот за Шпанија против Груција на 8. септември.
Асенсио дојде во ПСЖ како слободен агент од Реал Мадрид. Тој одлично ја почна сезоната, постигна два гола и една асистенција во трите меча, но потоа несреќно се повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА