Асенсио разочаран си заминува од Реал Мадрид

Марко Асенсио е пред заминување од Реал Мадрид откако пропадна и последната рунда преговори за шпанскиот крилен офанзивец да го продолжи својот престој на „Сантијаго Бернабеу“. Актуелниот договор на Асенсио истекува на крајот од сезонава, претседателот Флорентино Перез изрази надеж дека Шпанецот ќе остане во клубот, но тоа по се изгледа нема да се случи.

Според последните информации, офанзивниот фудбалер останал разочаран што Реал по новите договори со Модриќ, Бензема и со Крос го оставил во заден план, воедно испраќајќи му понуда далеку пониска понуда од онаа што Асенсио ја очекувал. Поради ова, за шпанскиот репрезентативец веќе нема дилема дека за него нема иднина во Мадрид и веќе почнал да ги разгледува останатите понуди што ги доби во изминатиот период.

За Асенсио се интересираа клубови од Италија, понуда испрати и ПСЖ, но според последните информации тој е најблиску до преселба во Премиер-лигата, и тоа во таборот на Астон Вила. Шпанскиот стратег Унаи Емери бележи одлични резултати откако пристигна на „Вила Парк“, а токму Емери инсистира Асенсио да биде негово главно засилување во летниот преоден рок. Поради фактот дека би пристигнал без отштета фудбалерот на Реал Мадрид би добил богат бонус за самиот потпис на договорот, па Асенсио сега сериозно размислува да ја прифати понудата на Астон Вила и веднаш по завршувањето на сезоната во Ла Лига да потпише со овој англиски премиерлигаш.

Се вчитува...