Ашаданов го објави поширокиот список за мартовските квалификации

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година.

Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје, Првиот собир е закажан за 7. март (сабота) со почеток во 18.30. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Во вториот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат три натпревари, два на гостински терен – против соодветните национални селекции на Данска и на Грција, и еден на домашен терен, против репрезентацијата на Хрватска.

Распоред на натпреварите

11.03.2026: Данска – Македонија

14.03.2026: Грција – Македонија

17.03.2026: Македонија – Хрватска

Список на повикани кошаркарки за мартовски ФИБА „прозорец“

Илина Селцова – Серко Уни Ѓер-Унгарија

Мерит Хемпе – Сарагоса-Шпанија

Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција

Матеа Николиќ – Баскет Алкамо-Италија

Тијана Митрева – Баскет Алкамо-Италија

Ања Начевска – Мега-Србија

Ивана Кметовска – Баскет Кам

Цветанка Димова – Баскет Кам

Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам

Сања Адамовска – Баскет Кам

Марија Николов – Бадел 1862

Јована Петрушевска – Бадел 1862

Ива Чолакоска – Бадел 1862

Елена Тасевска – Вардар

Милица Николиќ – Вардар

Теа Трајковска – Вардар

Јана Пислевска – Вардар

Михаела Алексовска – Крива Паланка

Дора Алексова – МЗТ Бела вода

Се вчитува...