Вардар уште еднаш докажа дека во Купот на Македонија нема фаворити освојувајќи го трофејот на турнирот кој се одржа во салата „26ти Април“ во Гевгелија.
Тренерот на скопскиот тим, Александар Ашаднов не го криеше задоволството од прикажаното на неговите избранички за кои вели дека докажале карактер, одиграле фантастично на двата дела од теренот и сосема заслужено стигнаа до голем успех.
„Честитки до екипата на Баскет Кам за одлично прикажаната игра, но и до мојата екипа која изминатите денови покажа карактер, но како се бранат боите на еден клуб. Беше емотивно, исцрпувачки. Како што кажавме во Купот нема фаворити, ние дојдовме тука да славиме и чекор по чекор стигнавме до трофејот. Како што знаеме нападот носи победи, а одбраната носи титули. Нешто што не краси нас е таа енергија и борбеност“, изјави Ашаданов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА