Ашаданов: Сакаме победа против Данска

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска во СРЦ „Кале“ ги започна подготовките за ноемвриските квалификации за место на престојниот Евробаскет кои носат натпревари против фаворизираните Данска, Грција и Хрватска.

На првиот ден од подготовките пред првиот предизвик наречен Данска селекторот Александар Ашаданов можеше да смета на 12. од 14. кошаркарки.

Поради клупските обврски подоцна од предвиденото на Македонија ќе и се приклучат интернационалките Матеа Николиќ и Тијана Митрева.

„Почеток на нови возбудливи квалификации, овој пат со мали измени односно во еден квалификациски „прозорец“ следуваат по три натпревара. Не очекуваат доста тешки натпревари со екипите на Данска, Грција и Хрватска.

Најпрво, следува натпревар во среда, со репрезентацијата на Данска на домашен терен. Играме против репрезентација која играше доста добро во претходните квалификации. Но нашата примарна цел е овој циклус да го отвориме со победа.

Дел од „костурот“ на нашата екипа е задржан, надополнет со неколку млади играчи, и тој спој на младост и искуство очекуваме да ни даде поволен резултат на премиерата од новиот кваллфикациски циклус“, изјави Ашаданов.

Се вчитува...