Ашдод го промовираше Милевски: „Среќен сум што се враќам во мојот втор дом“

Израелскиот Ашдод и официјално го промовираше Благоја Милевски за свој нов тренер. Селекторот на младата репрезентација на Македонија од следната сезона повторно се враќа во добро позната средина, но овој пат како тренер за разлика од периодот од 2001 до 2004 кога како фудбалер имаше 120 настапи за израелскиот прволигаш.

„Среќен сум што се враќам во клубот во кој минав одлични играчки денови. Ашдод е мој втор дом. Се надевам дека сега ќе успеам добро да го водам овој клуб кој со сериозни амбиции ја очекува новата сезона“ – изјави Милевски по официјализирањето на својот нов тренерски ангажман.

Благоја Милевски претходно во првата година како тренер, во сезоната 2012/2013, стигна до шампионската титула со Вардар. Потоа во новата сезона имаше повторно одлични резултати со „црвено-црните“ но неочекувано беше сменет по доаѓањето на Сергеј Самсоненко, со Русинот Сергеј Андреев. Милевски е најуспешниот македонски тренер и со извонредниот резултат потоа со младата репрезентација и пласманот на ЕП 2017 во Полска.

Се вчитува...