Ашковски асистираше во „ремито“ на Ламија

Македонскииот репрезентативец Стефан Ашковски, запиша асистенција во „рмеито’ на Ламија против Јоникос во седмото коло во грчкото првенство. Ашковски од пред неколку дена е дел од овој грчки тим, и имаше свој придонес за бодов против „фенерџијата“.

Ашковски во 8. минута асистираше за водство, а домашните потоа успеаја да израмнат.

Ашковски дојде во Ламија на почетокот на септември од тимот на Сепси. Во минатото играше и за Ботошани, Славија Софија, Фортуна Ситард, Ерчијеспор, Нови Пазар, Шкендија, Напредак и Доњи Срем.

Се вчитува...