Ашковски: Борбеност, позитивна мисла и максимален мотив е најважното за позитивен резултат со Украина

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Украина на 14. октомври во Прага.

Клучен натпревар за момците на Боби Милевски во битката за останување конкурентни до крајот на квалификациите за втората позиција на табелата.

„Очекувам добар натпревар против Украина. Со позитивна мисла и силна мотивација, да се обидеме да ја пренесеме енергијата од последните два натпревари. Борбеност, позитивна мисла и добра мотивација. Тоа е, според мене, најважно за мечот во Прага“ – вели Стефан Ашковски.

Се вчитува...