Ашковски го напушти Алашкерт и се пресели во Турција

Турскиот второлигаш Шанлиурфаспор е новиот клуб нa репрезентативецот Стефан Ашковски. Ашковски во првиот дел од годината настапуваше за ерменски Алашкерт, откако претходно неколку месеци беше без клуб.

Ашковски веќе има настапувано во Турција, откако во 2016 година кратко беше дел од Ерчијеспор. Тој играше во голем број земји, во Ерменија (Алашкерт), играше и во Грција (Ламија), во Романија (Сепси и Ботошани), во Бугарија (Славија Софија), беше дел и од полски Горник, во холандски Фортуна Ситард, беше во Србија во Партизан, Нови Пазар, Напредак Крушевац, Доњи Срем, играше и во Норвешка, во Стромсгодсет, а од македонскит клубови го носеше само дресот на тетовска Шкендија.

Ашковски за македонскиот национален тим настапи 30 пати, без постигнат гол досега. Беше дел и од младинските селекции на Македонија.

Се вчитува...