Ашковски го постигна својот прв гол за грчка Ламиа

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски го постигна својот прв гол сезонава во дресот на грчкиот суперлигаш Ламиа.

Во четвртфиналето од Купот на Грција, Ламиа на реванш дуелот против Аполон Паралимни има предност од 3-1 на полувремето, а Ашковски беше стрелец на израмнувачкиот гол за Ламиа во 20. минута од средбата. Потоа домашните постигнаа уште два гола за убедлива предност на полувремето.

Ламиа е веќе сосема извесно во полуфиналето од Купот на Грција откако славеше и на првата четвртфинална средба против Аполон со 2-1.

Се вчитува...