Ашковски потпиша за ирански Мес Рафсанјан (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во иранскиот прволигаш Мес Рафсанјан.

33-годишниот левокрилен дефанзивец и официјално е промовиран како нов фудбалер на Мес Рафсанјан, откако се одлучи да ја прекине соработката со српскиот суперлигаш Раднички Ниш.

Претходно во својата кариера Ашковски има настапи и за белградски Партизан, норвешки Штромгосет, холандска Фортуна Ситард, Славија Софија, романските Ботошани и Сепси, полската Горник Лечна, но и Шкендија во македонското првенство.

Се вчитува...