Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски и трет едноподруго натпревар е стрелец за Фортуна Ситард во Втората лига на Холандија.
Ашковски вечерва погоди во победата од 6-0 на Фортуна против РКЦ Валвијк 17. коло од шампионатот на холандската Втора лига. Стрелаше во 52. минута за водство од 3-0 во тие моменти за домашните. Ова е деветти гол сезонава за македонскиот фудбалер со кој се проби на делба на четвртата позиција меѓу најдобрите стрелци.
Фортуна Ситард по оваа победа со 35 бода се зацврсти на втората позиција на табелата, на само еден бод од водечкиот НЕК Најмиген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА