Ашковски пред договор со грузијскиот шампион Динамо Батуми

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски е пред договор со грузијскиот шампион Динамо Батуми, пренесуваат грузијските медиуми.

Ашковски изминатиов период беше пред потпис со српскиот суперлигаш Раднички Ниш, но поради проблеми со документацијата со досегашниот негов клуб, грчката Ламија, не успеа да го комплетира трансферот во Србија. За да сега добие далеку подобра можност за преселба во најдобриот грузијски тим кој е далеку попривлечна опција.

Динамо Батуми ја освои титулата во шампионатот на Грузија, со три бода предност во однос на најголемиот конкурент Динамо Тбилиси.

Македонскиот фудбалер претходно во својата кариера настапуваше и за Телеоптик, Партизан, Напредак Крушевац и Нови Пазар во Србија, како и за норвешки Штромгосед, холандска Фортуна Ситард, полската Горник Лечна, романските Ботошани и Сепси, но и за екипата на Шкендија во македонскиот шампионат.

Се вчитува...