Повремениот македонски репрезентативец Стефан Ашковски продолжува со квалитетните изданија сезонава во дресот на Фортуна Ситард во холандската Втора лига.
Ашковски во 12. коло од првенството го постигна вечерва и својот петти гол сезонава за Фортуна Ситард во триумфот од 4-0 против Ос. Македонскиот фудбалер најпрво во 49. минута му асистираше на Семедо за водство од 1-0, а потоа во 71. минута и самиот постигна гол за водство од 2-0 во тие моменти.
Стефан Ашковски прогласен е и за играч на натпреварот на дуелот кој се играше во Ситард.
Фортуна Ситард во моментов со 23 бода е на третата позиција на табелата во Втората холандска лига, зад екипите на Ајакс 2 и Нец Најмиген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА