Ашковски: Штета… Заслуживме победа против Бугарија

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија со реми 1-1 на гостувањето во Разград, Бугарија ја стартуваше новата сезона во најмладото репрезентативно натпреварување на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Дефанзивецот, Стефан Ашковски вели дека не се задоволни од овој бод бидејќи биле подобар противник и се надева дека во следните натпревари ќе бидат уште подобри.

„Не сме многу задоволни со овој освоен бод. Заслуживме повеќе според покажаната игра. Сепак, ова е прв натпревар од Лигата на нации и се надевам дека од следните натпревари ќе бидеме уште подобри. Второто полувреме го отворивме многу добро. Штета што не искористивме неколку шанси кои ги имавме. Не ми е непознато да играм на десен бек и затоа не ми е проблем да играм на таа позиција“, изјави Ашковски. 

Македонија во второто коло од Лигата на нации во недела му гостува на Гибралтар.

Се вчитува...