Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.
Ашковски изминатава полусезона беше дел од турскиот Шанлиурфаспор каде запиша 13 настапи, но сега се одлучи да го промени клубот.
Стефан Ашковски, кој досега има и 35 настапи, низ кариерата беше дел од екипите на Алашкерт, Сепси, Ботошани, Славија Софија, Фортуна Ситард, Горник Лечна, Кајсери, Нови Пазар, Шкендија, Штромгосет, Напредак, Доњи Срем, Партизан и Телеоптик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА