Ашковски триумфално со Етникос Ахна

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски со победа ги заокружи своите почетоци во дресот на новиот клуб, кипарскиот Етникос Ахна.

Откако пред десет дена потпиша за кипарскиот суперлигаш, Ашковски настапи на дуелот од 23. коло во шампионатот на Кипар, во победата од 1-0 на Етникос Ахна против Омонија. Македонскиот фудбалер во игра влезе во 70. минута од средбата.

Во новиот дрес дебитираше, пак, во претходното коло, во ремито со Кармиотиса.

Висар Муслиу, пак, не доби можност за деби во шампионатот на Белгија, откако потпиша за Сент Труден кој синоќа ремизираше (2-2) со Бриж.

Се вчитува...