Ашковски успешно, преку Турција, евакуиран од Иран

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски беше еден од македонските државјани кои бараа евакуација од Иран, по почетокот на војната на Блискиот Исток.

Па, вечерва од Министерството за надворешни работи, информираа дека Ашковски во текот на вчерашниот ден успешно, преку Турција, е евакуиран од Иран.

Како што информира МНР, околу 400 македонски државјани побарале помош за евакуација од загрозените подрачја на Блискиот Исток.

34-годишниот Стефан Ашковски, во јануари оваа година му се приклучи на тимот на Мес Рафсанјан во најсилната лига на Иран, откако минатата година настапуваше за Раднички Ниш во српскиот шампионат.

Во Иран е и поранешен вардаров играч и младински репрезентативец на Македонија, Јасир Асани кој игра за Естегал, и исто така беше евакуиран од Иран.

Асани, преку социјалните мрежи, испрати и порака до сите негови соиграчи и спортски работници во Иран, како и навивачите на клубот дека ќе бидат добро, и по завршувањето на сето ова повторно ќе се вратат на фудбалот.

Се вчитува...