Ашковски во Сепси добива звучно име за тренер

Некогашниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити Јаја Туре, би можел да биде назначен за нов тренер на романскиот тим Сепси.

Јаја Туре кој во моментов е помошник тренер на Ахмат во Русија, наводно бил во комбинација за романската екипа во која настапува македонскиот репрезентативец Стеван Ашковски.

Некогашниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска има скромно тренерско искуство. Досега бил помошник во Олимпик Доњецк и сега во Ахмат, па ова би можело да биде почеток на тренерска кариера, но како шеф на стручен штаб.

Туре има 101 настап за својата селекција, а покрај Барса и Сити, играше и за Олимпијакос, Монако, Металург Доњецк и Беверен. Кариерата ја заврши во 2020 година во Кина во тимот на Циндао.

Се вчитува...