Ашраф Хакими е избран за најдобар фудбалер на Африка во 2025 година. Ѕвездата на ПСЖ и на мароканската репрезентација вечерва во Рабат ја подигна престижната африканска Златна топка, станувајќи прв Марокканец со ова признание по легендарниот Мустафа Хаџи во 1998 година.
27-годишниот десен бек ги остави зад себе Мохамед Салах (Ливерпул) и Виктор Осимен (Галатасарај), и со солзи во очите ја посвети наградата на „сите африкански деца кои сонуваат големи соништа“.
Минатата сезона Хакими беше моторот на ПСЖ, а тројната титула ја прослави со 11 гола и 16 асистенции во сите натпреварувањеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

