Ашраф Хакими го избегна најцрното сценарио

Ашраф Хакими во агонија го напушти теренот откако беше заменет во финишот од првото полувреме од синоќешниот меч со Баерн Минхен, по стартот на Луис Дијаз за кој противничкиот фудбалер доби директен црвен картон.

Во таборот на ПСЖ стравуваа дека мароканскиот десен бек би можел да има скршеница на зглобот што би значело и пауза од најмалку три до четири месеци, но последните информации говорат дека Хакими сепак го избегнал тоа „црно сценарио“.

Имено, деталните прегледи во Париз покажале мало кинење на мускулите во близина на зглобот, но за среќа лигаментите не се сериозно оштетени. Првите прогнози се дека Хакими ќе мора две недели целосно да мирува и ногата да му биде имобилизирана, по што ќе следи рехабилитациска програма с времетраење од шест седмици.

Ова би значело дека Хакими би се ватил на терените на почетокот од 2026 година, но останува да се види дали тој ќе може да го предводи Мароко на претстојното издание на Купот на Африкански Нации што ќе стартува во втората половина од декември.

Се вчитува...