Асистенција на Марио Илиевски, но Кишварда сепак ќе игра во втора лига следната сезона

Еден од најдобрите македонски млади фудбалери, Марио Илиевски повторно го покажа сиот свој раскошен талент, но и тоа не беше доволно оваа сезона за неговата Кишварда да обезбеди опстанок во унгарскиот шампионат.

Иако нашиот интернационалец одигра одлична сезона, сепак догодина ќе мора да бара нова средина бидејќи во втората унгарска лига не може да настапуваат странци. Тимот кој веќе беше отпишан пред последното коло доживеа повторно пораз на гостувањето кај Пакс со 2-1, а повторно една од ретките светли точки беше Илиевски.

Македонецот доби шанса во 71. минута од мечот, а до крајот успеа да асистира за единствениот погодок на гостите кој го постигна Спасиќ во 91. минута.

Вториот Македонец во Унгарија, Никола Серафимов со неговиот МОЛ Фехервар одигра реми на домашен терен без голови против ДВТК и со тоа избори излез во Европа следната сезона. Нашиот репрезентативец постигна гол за својот тим во 91. минута, но тој по консултација со ВАР беше поништен.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...