Фудбалерите на Борусија Дортмунд со победа од 0-3 на гостувањето кај Дармштад во 17. коло од Бундеслигата победнички ја стартуваа новата 2024 година, а со тоа ја прекинаа и низата од четири натпревари без победа во домашниот шампионат.
Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодкот на Жулијан Брандт во 24. минута од натпреварот. На 0-2 зголеми Марко Ројс во 77. минута и тоа на асистенција на повратникот во тимот Џејдон Санчо. Конечните 0-3 беа дело на Моукоко во 92. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

