Асистенција на Стефан Ристовски на отворањето на сезоната

Стефан Ристовски ја доби улогата на стартер во Спортинг Лисабон на почетокот од новата сезона во Португалија и македонскиот ас веднаш покажа дека ја заслужува довербата на новиот тренер.

Спортинг вечерва гостува на Мореиренсе, а по неочекуваното водство на домаќините, составот од Лисабон заслужено израмни преку Фернандез. Улогата на асистент ја имаше токму Ристовски, кој одлично нафрли по земја од десната страна, а Фернандез добро се снајде и ја смести топката во мрежата.

 

Се вчитува...