Албанскиот фудбалер Кристијан Аслани го продолжи договорот со Интер, објави италијанскиот клуб.
Тој ја продолжи соработката со Интер за уште една година од тековниот договор кој му траеше до јуни 2027 година, па сега се обврза за клубот од „Џузепе Меаца“ до јуни 2028 година.
Аслани пристигна во Интер од Емполи. За тимот од Милано одигра 64 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА