Аслани му донесе минимален триумф на Интер против Верона (ВИДЕО)

По два порази во низа фудбалерите на Интер им се вратија на победите во домашниот шампионат откако на домашен терен со минимални 1-0 славеа над Верона во меч од 35. коло од Серија А.

Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 9. минута кога Аслани од пенал го постигна погодокот кој на крајот се покажа како доволен за три бода.

Со овој триумф нероаѕурите се вратија на негатива од три бода зад првопласираниот Наполи.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...